Ilha de Queimada Grande или островот на змиите е едно од најсмртоносните места на светот. Се наоѓа на бразилскиот брег отприлика 145 километри од центарот на Сао Паоло. Иако е ненаселен бразилската влада спречува и казнува секаков обид да се дојде до неговиот брег, а постојат луѓе кои не можат да одолеат на предизвикот.
Златната змија (bothrops insularis) е главен жител на островот во бразилските територијални води. Иако расте само до 115 центиметри, едно нејзино гризнување може да предизвика откажување на бубрезите, престанок на работата на мускулните ткива, цревно крварење и на крајот смрт.
Медицинските експерти веруваат дека отровот од златната змија може да се искористи во фармацевтски цели како помош при лечење на болестите од срце, крвните згрутчувања или дури како лек против ракот.
На осторвот живеат две до четири илјади змии, отприлика една на секој квадратен метар, а фактот дека островот е ненаселен од 1920 година, овие грабливци најчесто ловат птици. Златната змија се прилагодила и научила да ползи по дрвата за да се прикраде до птиците кои често слетуваат на гранките.
Бразилската влада ги казнува сите експедиции на Островот на змиите, а ловокрадците кои успеваат неприметено да дојдат таму, на црниот пазар ги продаваат за неколку илјади долари по парче.
Сер Тоамс Кевендиш бил познат англиски истражувач од 16 век кој својот плен од патувањето го скрил некаде во близината на бразилскиот брег за да го заштити од прогонителите. Се претпоставува дека тоа го направил токму на овој остров и дека богатството сеуште го чека својот сопственик.
Екипата на Discovery Channel која се согласила да го истражува островот на змиите направи серија која се вика Островот на змиите во која го следи тимот на истражувачи на ова забрането место за да го пронајдат изгубеното богатство, а на програмата ќе се најде од 15 септември.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град