„Ќе ги забранам Фејсбук и Јутјуб“

Нова мерка по изборите

 |  инфодеск  | 

„Има нови мерки кои ќе ги превземеме по 30-ти март, вклучувајќи ја и забраната за користење на Фејсбук и Јутјуб“, изјавил Реџеп Таип Ердоган за приватната турска телевизија ATV.

Турската опозиција бара оставка од Ердоган, од кога изби скандал во земјата, бидејќи редица функционери се уапсени поради сомнение за корупција.

Минатата недела се објавени снимки од телефонски разговори кои Ердоган директно го поврзуваат со корупција.

Во спорниот телефонски разговор, Ердоган наводно од својот син бара да прикрие голема сума на пари.

Турскиот премиер во средата ги обвини своите противници за завера со цел да се сруши владата, а разговорите, објавени на интернет, ги нарече „неморална монтажа“.

Сомневањата за корупција во Турција донесоа низа апсења на функционери блиски до режимот, а Ердоган во повеќе наврати го обвини исламското движење на Фетулах Гулен за завера со цел да се ослаби режимот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top