Yahoo повторно во скандал, соработувал со NSA и FBI

Без знаење на корисниците развиле софтвер кој ја пребарувал поштата на корисниците

 |  инфодеск  | 

Откако неодамна од Yahoo објавија информација која ги разлути милиони нивни корисници – за тоа дека хакерите дошле до информации за повеќе од 500 милиони корисници, вчера е објавена информација која повторно ги шокираше корисниците на нивниот меил сервис. Имено, спрема извори упатени во ситуацијата и поранешни вработени, оваа компанија соработувала со американската Агенција за национална безбедност и со FBI која во потполна тајност развила софтвер со кој ја пребарувала поштата во инбоксот на Yahoo mail. Моментално нема детални информации за податоците по кои трагале но, се знае дека пребарувале одредени зборови или изрази во комуникацијата.

Исто така, не е познато ниту кои податоци Yahoo ги предал на американските служби, а на Ројтерс му изјавиле дека не им е познато дали други компании биле приморани да одговорат на барањата на NSA и FBI. Спрема американските закони, разузнувачките агенции имаат право да побараат од компаниите кориснички податоци кои ќе спречат терористички напади, но компаниите имаат право да се жалат на такви барања. Но, во Yahoo одлучиле да се откажат од жалба бидејќи биле убедени дека таква жалба би била одбиена. Наводно, тоа било причината за оставка на директорот за безбедност Алекс Стамос минатата година.

“Силно сме разочарани со одлуката за откажување од жалба бидејќи корисниците од технолошките комапнии очекуваат нивно противење за одлуките за шпијунирање”, изјавил адвокатот на American Civil Liberties Union, Патрик Томеи.

На прашањето од Ројтерс поврзано со пребарувањето на поштата од Yahoo не сакале да дадат конкретен одговор туку напоменале само дека тие се компанија која ги почитува американските закони.

Свој коментар на овие случувања дал најпознатиот светски свиркач Едвард Сноуден кој по пат на Твитер порачал: “Користите Yahoo? Тајно скенирале се што досега сте пишувале…затворете ги своите профили уште денес”.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top