Wikipedia слави 15 години

Wales често говори дека во ниеден момент не пожалил што Wikipedia ја оставил бесплатна

 |  инфодеск  | 

Додека некои, овозможувајќи им на луѓето пронаоѓање на информации на интернет, се збогатија, на некои други како Jimmy Wales и Larry Sanger единствена цел им беше да им овозможат на луѓето пристап до сите информации и знаења бесплатно.

Тие двајца пред точно 15 години ја основаа Wikipedia, интернет енциклопедија која на сите им е достапна бесплатно. Овој интернет извор на знаења денес има повеќе од 37 милиони статии кои се објавени на скоро 300 јазици, меѓу кои и на македонски, а се финансира исклучително од донации (на Wikipedia нема реклами). Wales често говори дека во ниеден момент не пожалил што Wikipedia ја оставил бесплатна, додека бројни интернет иноватори направија милијарди долари, и оваа интернет енциклопедија има намера и понатаму да ја остави бесплатна.

Wikipedia денес е една од најпопуларните и најпосетувани страници на светот и за многу корисници токму оваа енциклопедија е прво онлајн одредиште при пребарување по интернет.

Најголемата предност, но и најголема мана на Wikipedia е можноста на слободно уредување на содржините, односно сите корисници можат да внесуваат и да менуваат информации со што се овозможува впишување на големи количини на содржини, но поради таков начин на уредување секогаш постои можност на впишување неточни информации. За да се избегне вметнување на неточни податоци, од Wikipedia ги повикуваат корисниците кои учествуваат во ставање податоци, да се придржуваат на пет основни правила на оваа енциклопедија.

Спрема првото правило, Wikipedia е енциклопедија која вклучува елементи на општата енциклопедија, специјализираните енциклопедии и часописи и тоа дека не е место на кое корисниците ќе изнесуваат свои мислења и резултати од сопствени истражувања туку мора да тежат на точност.

Второто правило е непристрасно гледиште, што значи дека при впишување и уредување на содржина да се тежи на статии кои не застапуваат ниту една поединечна точка или страна на гледиште, што подразбира наведување на проверени и меродавни извори колку што е можно повеќе, особено на контроверзни теми.

 Во третото правило стои дека Wikipedia е слободна содржина која секој може да ја уредува.

 Четвртото правило се однесува на правилата за однесување, односно се повикува на почит кон другите корисници и уредници, култура во комуникацијата и избегнување на лични напади и претерани расправии.

Во последното правило се наведува дека Wikipedia нема цврсти правила освен овие пет општи принципи и дека корисниците ги поттикнува на одважност при уредувањето, преместувањето и менувањето на статиите.

Сепак, без оглед на овие правила, корисниците треба да бидат внимателни при користењето на содржините на Wikipedia, а тоа често се однесува на медицинските статии бидејќи едно поранешно истражување покажало дека голем број на такви статии објавени на Wikipedia се покажале како неточни информации.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top