Податоците покажале “константно забрзување, додека авионот одел кон планината”.
Како што пренесуваат агенциите, снимачот на звук и другите податоци од црната кутија ги потврдиле сознанијата дека копилотот Andreas Lubitz сочекал пилотот да излезе од кабината, ја заклучил вратата, а потоа намерно го насочил авионот кон планината и се одвел себеси и уште 149 лица во смрт.
“Првото читање покажало дека копилотот во кокпитот користејќи го автопилотот го насочил авионот кон земјата, ја намалил висината, а потоа неколку пати понирајќи ја зголемувал брзината”, соопштила француската агенција за истраги на авионски несреќи EBA.
Втората црна кутија е пронајдена вчера, девет дена по падот на Airbus 320 на Germanwings во кој настрадаа 150 луѓе.
Германските истражители соопштиле и дека Lubitz на интернет истражувал теми за самоубиства и читал за различни начини на кои човек може сам себеси да си го одземе животот, како и дека истражувал безбедносни системи во кабините на комерцијални авиони.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град