“Постојат причини бидејќи проблемот е очигледен”, рекол Peter Adams професор по геологија на Универзитетот во Флорида. Проблемот е подигнување на нивото на морето кое му прети на вселенскиот центар Kennedy на Флорида и ги доведува во опасност идните операции на центарот.
Тој и колегите ги објавиле резултатите од своите истражувања токму на денот кога од тој центар е направен првиот успешен лет на американското беспилотно летало, капсулата Orion, кое ја направи трасата на евентуалното превезување на луѓе на Марс. Леталото по четири часа летање по планот, се врати и падна во океанот.
Nancy Bray, директорката за операции во вселенскиот центар Kennedy рекла: “Сметаме дека прашањата на подигнување на нивото на морето и климатските промени ги сметаме за итни”. Таа додала дека плановите на NASA вклучуваат планирано повлекување на инфраструктурата, а можно е повлекување и на лансирните рампи ако е тоа потребно.
Поранешно американско истражување навело дека населените места на Флорида би можеле да се соочат со подигнување на нивото на морето и до 60 цм до 2060 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град