Вредноста на златото во нагорна линија

Цената на златото на светските берзи во пораст

 |  инфодеск  | 

Вредноста на златото е во нагорна линија и ја премина цифрата од 1.300 долари по унца. Тоа е најголемо ценовно ниво од август минатата година и почетокот на Руско-Украинската криза, пишува CNN Money.

Од валутниот скок на швајцарскиот франк преку најниските цени на нафтата за барел и вбризгувањето на 60 милијарди евра секој месец во еврозоната, многу елементи носат несигурност на светските пазари а инвеститорите од Wall Street сакаат да играат на сигурно, па така без сомнение, вложувањето во злато е на врвот на тој попис.

Сепак, цената на златото е тешко да се предвиди бидејќи чувствата на инвеститорите ја диктираат неговата вредност. Иако постојат одредени побарувања од индустријата за оваа суровина, реалноста е дека цената на златото расте кога има некоја политичка криза. Тоа најдобро се виде во 2011 година кога Грција беше на работ на банкрот и економски колапс.

Експертите сепак предвидуваат дека златото оваа година ќе има нагорна лиинија и цената би можела да достигне цифра од 1.400 долари по унца. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top