Поради невообичаено изразениот феномен El Nino, кој се најавува за престојната зима, поголемиот дел од планетата за неколку месеци би можел да се соочи со екстремни поплави, суши и шумски пожари, пишува британскиот Dayli Telegraph, повикувајќи се на угледни метеоролози.
Станува збор за екстремно метеоролошко пореметување кое во Велика Британија би можело да предизвика екстремно ладна зима, во САД разорни бури, во Јужна Америка обилни дождови со одрони на земјата, во јужна Азија суша, а во Австралија шумски пожари.
Климатологот Bill Patzert, вработен во NASA, вели дека овогодишниот El Nino “дефинитивно има шанси да стане Гоѕила”. “Ако го отствари својот потенцијал, би дошло до силни поплави, одрони и хаос”, изјавил Patzert.
El Nino е метеоролошки феномен кој се јавува секои две до седум години, а NASA со големо внимание ги следи температурите на морињата на источниот дел од Тихиот океан кои се клучен индикатор на оваа појава.
Температурите на површината на океанот во релативна близина на Перу веќе се за 1,9 степени повисоки од просечните и изминатите месеци постојано се во пораст. Тие се повисоки од нивото од 1997 година кога е забележан досега најсилниот и најсмртоносниот El Nino.
Имено, El Nino во северните делови на Европа носи поладни зими од вообичаените, а експертите тврдат дека тој е еден од факторите кој педизвикува екстремни ладни зими како оние во Велика Британија во 2009 и 2010 година што претходно никогаш не биле забележани.
Во центарот за климатски прогнози на Американската метеоролошка служба на претстојниот El Nino му дале прекар Bruce Lee, а велат дека негова кулминација може да се очекува или касно наесен или рано на зима.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град