Несреќата се случила околу 3 часот наутро по локално време во подземната железница во близина на интернационалниот аеродром во Чикаго. Увидот е во тек и не се знае што е причината за несреќата.
Еден од сведоците на лице место изјавил, за ТВ мрежата “5 NBC„ дека возот воопшто не успорил кога влегол во станицата. „Настана општ хаос, луѓето беа преплашени, пробувајќи да сфатат што се случи“, рекол тој.
Како што наведуваат американските медиуми, за среќа никој од повредените немал тешки повреди.
Како што пренесуваат медиумите, не се знае дали причината е некој медицински проблем кај возачот на метрото, но по несреќата и тој „нормално одел и давал изјави“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град