Вооружени лица го завзеле аеродромот во Симеферопол

Вооружени лица во неидентификувани униформи

 |  инфодеск  | 

Украинскиот аеродром во Симеферопол, престолнинаната на Крим, утрово е под патроли на неидентификувани вооружени лица, јавува новинар на Франс Прес од местото на случувањето.

Вооружените лица кои упаднале на аеродромот потсетуваат на оние кои пред некој ден ги завзедоа локалниот парламент и влада, бидејќи се слично облечени и изгледаат како „локални Руси“.

Изјавите на сведоците велат дека вооружените лица носат руско занме. Агенцијата Асошиетед прес наведува дека десетици вооружени лица патролираат на аеродромот и одбиваат да разговараат со новинари.. АФП потсетува дека претставници на новата влада во Киев треба да пристигнат на аеродромот во Симеферопол во текот на денот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top