Вонредната состојба во Турција беше воведена по обидот за пуч во јули минатата година. По седницата на турскиот Национален совет за безбедност вчеравечер во Анкара, државната агенција Анадолу објави дека Советот образложил оти вонредната состојба ѝ служи на „заштитата на нашата демократија, правната држава, како и правата и слободите на граѓаните“.
Формално за продолжувањето на вонредната состојба уште за три месеци согласност треба да даде и парламентот, кој денеска треба да одржи седница. Согласноста важи за сигурна со оглед на тоа што партијата на Ердоган, АКП, има апсолутно мнозинство.
Вонредната состојба му дава можност на Ердоган да владее со декрети, кои може да стапат во сила и без согласност од парламентот. Во услови на вонредна состојба во Турција беше спроведен бран апсења и отпуштања од работа, меѓу останатите и на судии и универзитетски професори.
Опозицијата, која се жали на неправилности, бара анулирање на резултатите од референдумот. Вчеравечер во Истанбул илјадници луѓе излегоа на протести против Ердоган. Тие, меѓу другото, скандираа „крадец, убиец, Ердоган“ и во знак на протест удираа во тенџериња.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град