Volkswagen ќе исплати по 5.000 долари на секој измамен купувач во САД, пренесува германскиот дневник Die Welt кој вели дека тоа е суштината на договорот што го постигнала компанијата со американските власти за да се избегне судење поради лажирањето на резултатите на своите дизел возила на еко-тестот.
Судијата Charles Breyer во Сан Франциско на германскиот производител му одредил рок до четврток со американското правосудство и агенцијата за заштита на околината да постигнат договор, под закана дека спорот ќе се проследи на суд, пишува германскиот весник.
Спрема Die Welt договорот е таен и не ги решава сите прашања, но предвидува отштета од 5.000 долари за секој сопственик од 600.000 автомобили, а трошоците за повлекување или корекција на автомобилот ќе остане на терет на Volkswagen.
Кризата во VW изби во септември 2015 кога се откри дека производителот во 11 милиони дизел возила ширум светот вградил уред кој овозможувал лажирање на податоците за емисија на штетни гасови. Возилата биле опремени со софистициран софтвер кој ја исклучува контролата за загадување на воздухот и се уклучува само на еко-тест. Кога уредот е исклучен, автомобилот во околината исфрлува штетни гасови во количини и до 40 пати поголеми од дозволените, а тоа го откри американската агенција за заштита на човековата околина.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град