Третиот светски производител на автомобили Volkswagen (VW) го менува своето корпоративно работење со цел зголемување на производството.
Три извори, внатре во корпорацијата, изјавиле за Reuters дека компанијата ќе се подели на четири компании од кои една ќе биде задолжена за широкиот пазар на марки на автомобили, друга за камиони, а преостанатите две за премиум брендови, една на чело со Audi, а другата со Porshe. Новата структура на корпорацијата би требало да биде составена од најдобрите менаџери до крајот на летото. Со оглед на реструктуирањето на комплетното работење, би можело да дојде и до измена во менаџерските тимови кое би резултирало со отказ на директорот на продажба Christian Kingler, навел еден од изворите.
По несогласувањата во април, помеѓу главниот извршен директор Martin Winterkorn и тогашниот претседател на управниот одбор Ferdinand Piech, кои резултираа со заминување на Piech, компанијата се најде во проблеми. Вкупната месечна продажба падна за 3% или 858.000 возила што е по прв пат во 5 години месечната продажба да опаѓа два месеци по ред. Тоа ја наведе управата за одлука која ќе го промени целокупното работење. Сметаат дека комплетната реорганизација ќе ги поедностави процесите внатре во компанијата бидејќи ќе ги разграничи одговорностите и ќе го забрза носењето на одлуки.
Имајќи во предвид дека од 1 јули поранешниот член на управата на BMW, Herbert Diess ќе ја превземе должноста претседател на управата на VW, тогаш би можел да ја стартува компанијата задолжена за масовниот пазар а ќе ги вклучува VW, Skoda и Seat, наведуваат изворите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град