Војна на улиците во Турција, неуспешен обид за државен удар

Од канцеларијата на обвинителството се наведува за најмалку 42 жртви убиени во текот на ноќта

 |  инфодеск  | 

Тенковите излегоа на улиците на Истанбул и Анкара, а спрема одредени медиуми е отворен и оган на цивили по улиците на повеќе локации.

Спрема непотврдени информации, пукано е на луѓе кои се одзвале на повикот на претседателот Ердоган и излегле на мостот на Босфор во Истанбул. Од канцеларијата на обвинителството се наведува дека најмалку 42 лица се убиени за време на ноќта.

Турските медиуми јавуваат дека на улиците се слушало пукање, дека биле блокирани мостовите, како и тоа дека владее апсолутен хаос. До пукање дошло и на плоштадот Таксим околу три часот по полноќ, а во него учествувале војската и полицијата, јавува АР истакнувајќи дека се слушнала и експлозија.

Ројтерс јавува дека околу 30 турски војници го предале оружјето откако припадниците на полицијата го обиколиле Таксим по разменувањето на оган.

Командантот на полицијата во Истанбул изјавил дека 104 војници учествувале во обидот за пуч во Турција, јавува ВВС.

Официјален претставник близок на канцеларијата на Ердоган изјавил дека повеќе од 50 воени офицери се уапсени, како и дека големи групи на граѓани ивршиле “граѓански апсења”. Освен тоа, тие јавуваат и дека војската упаднала во просториите на медиумската групација Доган и го прекинале емитувањето на CNN Turk, како и тоа дека упаднале во просториите на весникот Хуриет. Претходно војниците упаднаа и во просториите на државната телевизија, но како што јавуваат медиумите, сега се наоѓа под контрол на приврзаниците на Ердоган.

Снимките по социјалните мрежи прикажуваат хаос, тенкови како газат цивилни возила, но се гледа и како носат ранети.

Како што пренесува РТ, оган од тенкови се слушало и во близина на турскиот парламент, а отворен бил оган и од небо. РТ пишува дека експлозиите кај парламентот биле всушност напади од воздух. Воени ловци ја надлетувале Анкара, а оборен бил и еден воен хеликоптер.

Авионот на Ердоган сепак слетал на аеродромот во Истанбул, а потоа за време на обраќањето кон нацијата изјавил дека нападот е чин на предавство, но и дар од бога.

Медиумите пренесуваат дека приврзаниците на Ердоган упаднале во државната телевизија ТРТ и дека повторно емитувала програма. Претходно во неа упаднаа припадници на војската и програмата беше прекината.

Сѐ започна кога турски бебедносни сили во еден дел ги затворија мостовите во Истанбул, а во исто време над Анкара се слушнале воени авиони како прелетуваат, јавува AFP. Потоа турската војска објави дека ја превзема контролата над државата.

Премиерот Јилдирим тогаш рече дека моментално не може да се зборува за државен удар туку за побуна во војската и додаде дека одговорните за тоа ќе платат висока цена, пренесе турскиот весник Хуриет.

Се јави и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој истакна дека пучот го организирала мала група во војската.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top