Внимателно при купување на телефони од Кина

На пазарот кинеските телефони се сѐ популарни, но…

 |  инфодеск  | 

На пазарот на паметни телефони сѐ популарни се кинеските компании чии телефони се многу поевтини во однос на познатите компании како што се Samsung, Apple и Sony, а имаат одличен хардвер со кој можат да бидат конкурентни со споменатите компании.

Безбедносната компанија Bluebox неодамна тестирала еден од нив (станува збор за Xiaomi Mi4) и непријатно се изненадиле со тоа што го пронашле внатре. Имено, телефонот кои го имале на тестирање имал неколку прединсталациони малициозни апликации, вклучувајќи го и adware кој бил прикриен како легитимна апликација на Google, тројанци со кои хакерите можат во секое време да ја превземат контролата над телефонот. Исто така, оперативниот систем кој го покренувал овој телефон бил со несертифицирана верзија на Android од Google со што самиот уред имал бројни безбедносни пропусти и багови. Од Bluebox се сомневаат дека овој смартфон е модифициран претходно, односно дека некој ги инсталирал овие малициозни апликации, а тоа на крајот и го потврдиле од Xiaomi и воедно напоменале дека од Bluebox купиле телефон по пат на некој посредник во Кина.

Имено, Xiaomi не продава телефони по пат на посредници, туку само по пат на официјалните онлајн канали и мобилни оператори, така што Hugo Barra, екс вработен во Googlе кој денес работи во Xiaomi, порачал до сите идни купувачи нивните телефони да ги купуваат исклучително по пат на официјалната интернет страница Mi.com или по пат на верифицирани продавници со кои Xiaomi соработува. Од оваа компанија предупредија дека во Кина постои паралелен пазар за телефони од сите брендови на кои релативно често третите страни го модифицираат софтверот на телефоните. Ова значи дека таквото модифицирање, како што тврдат во Xiaomi, не важи само за нив туку за сите производители на мобилни телефони во Кина, така што е потребно огромно внимание при купување на телефон од Кина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top