Спрема податоците кои ги собрала комисијата на Обединетите нации, парите ги троши на луксузни работи – клавири, автомобили…пишува Daily Mail за јужнокорејскиот млад лидер Ким Јонг Ун, кој за една година потрошил 716 милиони долари и така ја дуплирал потрошувачката на наеговиот починат татко од 333 милиони.
Неговото владеење кое почна во 2012 година, го карактеризира екстравагантниот вкус и раскошниот стил на живеење.
Истрагата која траела една година покажала дека младиот лидер во земјата увезол неколку десетици автомобили и клавири.
Екс припадник на режимот кој избегал од земјата доставил информација до Обединетите нации дека Ким ги користи парите заработени од продажба на слонова коска, но и продажба на алкохол на исламските земји.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град