“Во потполност ја превземам одговорноста за грешките, превидите и потпишувањето на овој текст во кој не верувам, но кој морам да го спроведам”, рекол грчкиот премиер, Алексис Ципрас во интервју за грчкиот јавен сервис.
Тој додал дека договорот за новиот пакет на помош постигнат на самитот на еврозоната била “лоша ноќ за Европа”, а договорот е “наметнат” на Грција, а кој истовремено ја спасува Атина од излегувањето на еврозоната и банкрот.
Ципрас, исто така, рекол дека водел борба да не се намалуваат платите и пензиите, додавајќи дека фискалните прилагодувања во договорот се поблаги од прилагодувањата кои се договарани порано.
Премиерот, соочен со силното незадоволство внатре во партијата поради договорот, рекол дека Грција мора да се придржува на фискалните прилагодувања предвидени со договорот и додал дека има намера да го одработи својот четиригодишен мандат, а со тоа ја исклучил можноста за предвремени избори.
“Нема да бегам од одговорноста и ќе се обидам да ја спроведам мојата политичка програма за време на четиригодишниот мандат”, рекол тој.
“Горка вистина е дека оваа едносмерна улица за Грција е наметната”, истакнал Ципрас.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град