Сигурно барем еднаш ви се случило да пратите порака на погрешна личност, а како за инает, тие пораки обично содржат нешто што не е за сечии очи.
Популарната апликација Viber од сега на сите корисници им нуди можност да ги избришат пораките кои се пратени на погрешно место.
Новата верзија на Viber 5.6.5 овозможува бришење на пораките од разговорите, а со тоа не се остава никаква трага откако ќе се избришат, односно пријателите нема никогаш повеќе да ги видат.
Доволно е да се означи пораката која сакате да се избрише, кликнувате на “delete” и се одбира опцијата “delete for everyone”.
Покрај оваа промена, новата верзија на Viber носи можност за класифицирање на фајлови и документи. Исто така, iOS корисниците на пораките можат да одговорат брзо по пат на нотификација.
Верзијата на Viber 5.6.5 е веќе достапна на маркетите за апликации.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град