Започнала како асистентка во еден фризерски салон во едно гратче во Јужна Флорида, а денес има сопствен бизнис чија вредност е проценета на 50 милиони долари, пишува Cosmopolitan.
Во средиштето на оваа интересна претприемачка приказна е Alli Webb, успешна Американка која од мали нозе чувствувала страст кон уредовањето на косата па така уште како мала поминувала часови и часови обидувајќи се да глуми фризерка.
Нејзиниот прв потфат почнал во 1997 година кога работела како асистентка во еден фризерски салон во Њујорк каде ги научила сите тајни на фенирањето, за подоцна да се вработи како ПР во музичката индустрија.
Сепак, само по една година се вратила на старата љубов, уредувањето на коса, па така по многу поволна цена им нудела услуги за фенирање на своите пријателки. Со оглед дека нејзините услуги биле многу поевтини отколку во салоните, веста многу брзо се проширила и имала работа сѐ повеќе. Така во 2009 година одлучила да покрене свој мобилен бизнис во кој продолжила да ги посетува своите клиенти, и вон кругот на пријатели.
Во 2010 година, американската претприемачка во договор со сопругот отворила и свој прв салон за фенирање, Drybar, а до ден денешен тие се намножиле и достигнуваат бројка од 37 салони ширум САД, со повеќе од 2.000 вработени.
Иако отворање на ваков салон чини помеѓу 400 и 500 илјади долари, Webb најавува отворање на десетина нови во следната година, но и експанзија на интернационалниот пазар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град