Уред кој телевизорот го претвора во компјутер

Google претстави евтин начин телевизорот да се претвори во Chrome ОЅ компјутер

 |  инфодеск  | 

Откако Google најави неколку новитети поврзани за Chromebook и Chrome OS, сега осмислија и претставија евтин начин со чија помош телевизорот можете да го направите Chrome OS компјутер.

Имено, станува збор за Chromebit Asus уред т.е. стик со Chrome опертивен систем и HDMI порта од едната страна и USB 2.0 порта од другата страна. Chromebit е всушност Chromebook спакуван во HDMI стик со големина на чоколадо.

Овој уред со своите спецификации претставува прилично пристоен компјутер. Asus Chromebit  е базиран на Rockchip RK3288 SoC  со четиријадрен Cortex-A17 кој работи на 1,8 GHz и ARM-T764 GPU кој има работен такт од 600 MHz.

Уредот има 2 GB работна меморија,16 GB простор за складирање на податоци, една USB порта, бежичен интернет, а бежично, по пат на Bluetooth, може да се поврзе со тастатура и глушец.

Google тврди дека уредот ќе биде достапен во текот на летото годинава, со една посебна карактеристика, а тоа е цената која ќе биде помала од 100 долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top