Уред со кој никогаш нема да ги заборавате клучевите, телефонот или паричникот

Уредот може да се постави на голем број предмети

 |  инфодеск  | 

Сигурно ви се случило барем еднаш да заборавите со себе да го понесете паричникот или телефонот. Но, овој уред со големина на метална паричка ќе се обиде да го спречи губењето или заборавањето на предметите како што се клучеви, телефон или паричник.
Уредот со име Trakkies може да се постави на голем број предмети, а потоа по пат на апликација за паметни телефони го известува корисникот ако нешто заборавил при излегување од домот или од работа.
Апликацијата исто така дава прецизни упатства како да дојдете до предметот.
Trakkies функционира по пат на Bluetooth врска која на телефонот му пренесува информација за тоа кога корисникот го напушта опкружувањето во кое се наоѓа предметот на кој овој уред е поврзан.
Се очекува овој уред да се најде во продажба на почетокот на следната година, а неговата цена ќе изнесува околу 40 евра.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top