Стотина демонстранти со руски знамиња в раце ја завемале зградата на украинската државна управа во градот Доњецк на истокот од Украина.
Повеќе од 2000 луѓе се собрале денес попладне на плоштадот пред зградата на регионалната управа а поголема група мажи го пробила полицискиот кордон, пренесува АР.
Многу демонстранти имале развиорени руски знамиња, и извикувале „Русија! Русија!“
За сега нема информации за евентиални жртви или повредени.
Учесниците во проруските протести во текот на претходните денови завземале неколку згради на државната управа ширум Украина, а особено во источниот дел, откаде потекнува и соборениот претседател Виктор Јанукович, кој побегна од земјата по масовните протести во Киев, пишува американската агенција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град