Зошто Украина е толку важна за Русија и Европа

Украина е втора држава по големина во Европа.

 |  инфодеск  | 

Украина е презадолжена, корупцијата е многу раширена, а земјата е на раб на граѓанска војна. Таа е важна и за Москва и за Брисел. Сместена е точно помеѓу ЕУ и Русија, со површина од 600 илјади квадратни километри и е втора држава по големина во Европа. Од 46 милиони жители повеќе од 17% се Руси – најголемо малцинство.

Покрај тоа Украина е важна и заради енергетиката. Земјата е зависна од рускиот гас, но не само таа. Преку Украина одат главните гасоводи кој доаѓаат од Русија а одат кон Европа. Ако се исклучи гасот за Украина, него го немаат и Германците и Французите.

„Заедно со Германија ќе ги разгледаме сите можности што може да се направи. Можноста за санкции кон Украина е прва мерка која би можела да се случи“, рекол Лоран Фабиус, францускиот министер за надворешни работи.

Колку е поделена Украина покажуваат и резултатите од последните избори. Индустрискиот исток традиционално е ориентиран кон Русија и на парламентарните избори гласале за проруската партија на Јанукович. Западот на земјата е наклонет кон Европа и гласаат за проевропските партии. Меѓутоа во тој дел од земјата е и упориштето на крајната десница. Аналитичарите предупредуваат дека на земјата и прети пораст на национализмот.

Во парламентот силите се исто така поделени : 204 места има партијата „регија“ на Јанукович, 90 места партијата на Јулија Тимошенко, 42 места „удар“ на Виталиј Кличко, 36 има „слобода“ – крајната десница, и 32 пратеници имаат комунистите.

Опозициските партии заедно маршираат против Јанукович и не ги поврзува ништо друго освен желбата за рушење на актуелната власт. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top