Украина ја предупредува ЕУ

Нема многу време за договор

 |  инфодеск  | 

Украинскиот министер за енергетика и рударство Јури Продан ја предупредил Европската унија дека транзитот на гас во западноевропските земји наскоро може да биде стопиран.

Мораме да ве предупредиме дека нема многу време за да се договори испораката на гас од земјите на ЕУ во Украина. Доколку тоа не се направи за скоро време, лесно е да се предвиди дека може да се повтори “гасната војна” од 2009 година, со исто сценарио и исти економски последици, се наведува во писмото од Продан.

Тој истакнува дека во претходните неколку дена се најавува најлошото сценарио, кога станува збор за поскапувањето на гасот кој Русија го испорачува на Украина, бидејќи јасно е дека од 1 април Украинците нема да имаат повеќе повластена цена.

Продан ги потсетува во ЕУ на нивното ветување дека ќе ја снабдуваат Украина со гас доколку Русија ги прекине испораките, или ако енормно ја зголеми цената.

Украинците сега плаќаат 268 долари за 1000 кубици гас, а во Киев очекуваат од 1 април, кога истекува стариот договор, Русија да ја зголеми цената на 480 долари.

Спрема зборовите на челникот на Гаспром, Андреј Круглов, Украина должи за гас 1,7 милијарди долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top