Данска е прва држава која во потполност е пресликана во видео играта Minecraft и на тој начин часовите по географија ги прави поинтересни за учениците.
Направен е план за часовите кои ќе го добиваат професорите за да се снаоѓаат подобро во виртуелната верзија на својата земја.
Моделот се состои од околу 4 билони делови и завзема 1ТВ меморија, ако ја превземете цела држава.
“Ја изградивме Данска во Minecraft за младите луѓе подобро ги запознаат своите шуми, езера, фабриките за био-гас, ветерниците и слично”, вели Кирстен Бросбол, министерката за животна средина на Данска.
“Фантазијата е единствена граница. Ова е начин да се направи врска помеѓу дигиталниот и природниот свет”, додала министерката.
“Играта” ја направиле Сајмон Кокендорт и Тор Бјорн Нилсен од агенцијата за правење мапи во данската влада. Тие користеле јавно достапни податоци за земјата и ги преведувале во карактеристични блокови на Minecraft. Исто така направиле и систем за навигација, така што посетителите можат лесно да го пронајдат градот во кој живеат.
Во иднина, учениците во Данска, но и сите жители, ќе можат во играта да пренесуваат растенија и животни кои ги виделе и пронашле во природата. Исто така ќе можат да ги истражуваат пределите од стварниот живот.
Училиштето Орештад во Копенхаген го тестира овој систем а го користи на часови по географија и математика.
“Некогаш порано предавачите ја ширеа мапата на Данска, а учениците мораа да се мачат да се сетат на сите имиња на разни делови од државата, а сега Данска е достапна на нивните компјутери и таблети, што укажува на потребата за дигитални решенија во образованието. Веќе го користевме Minecraft на часовите по математика, и сега имаме повеќе опции”, вели Кетрин Кристенсен, учителка во тоа училиште.
Имено, креаторите на оваа “игра” направиле една промена – ја елиминирале опцијата некоја област да се разнесе со динамит.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град