Уапсени свештеник и негов соучесник за измама

Свештеник измамил луѓе кои барале работа

 |  инфодеск  | 

Триесетгодишен православен свештеник и неговиот четириесет и петгодишен помошник се уапсени и обвинети за измама за најмалку 166 луѓе кои очајнички барале работа, соопштила полицијата во Солун.

Тие се обвинети за измама за околу 78.000 евра така што на жртвите им ветувале дека ќе ги вработат а тоа никогаш не се отстварило во пирамидалната шема која датира од 2009 година, пренесува агенцијата АР.

Директорот на градскиот полициски тим за борба против криминалот, Атинагорас Пазарлис, рекол дека оштетените, секој посебно, им платиле по стотици евра за пронаоѓање на работа.

Полицијата извршила претрес во нивните домови и во неделата ги уапсила двајцата осомничени, чии имиња не се објавени.

АР наведува дека Грција се опоравува од шестгодишната рецесија и дека има стапка на невработеност од 28%.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top