Пратеникот на десничарската странка Златна зора ќе биде кандидат за гувернер на локалните избори во Грција во мај, иако се наоѓа во притвор и му претстои судење.
Панајотис Илиопулус е еден од шестмината пратеници на Златна зора кои се уапсени во операцијата против таа екстремистичка десничарска партија, пишува AFP.
Тој вчера ја прифатил кандидатурата, за гувернер на Тесалонија, преку телефон бидејќи се наоѓа во притвор во атинскиот затвор.
Неонацистичката Златна зора е обвинета дека стои зад напади на емигранти и политички противници.
Шест од 18 пратеници на Златна зора се наоѓаат зад решетки и чекаат судење, а вкупно девет членови на партијата се обвинети за припадност на криминални организации или за нивно раководење. Но и покрај истрагата против неа, резултатите од анкетите покажуваат дека Златна зора и понатаму е трета партија по популарност во Грција.
Таа партија, која отворено застапува ксенофобија и антисемитизам, беше крајно маргинална до 2012 година кога влегла во парламентот, благодарејќи на гневот од јавноста поради емиграцијата и мерките за штедење во презадолжената Грција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град