Дел од корисниците на Твитер се незадоволни со промените и сметаат дека Твитер го губи се она што беше добро и станува сличен на Фејсбук.
Твитер на својот службен блог најави големи промени во својот изглед, односно на корисничките профили. Новите профили се достапни засега само на мал дел на корисници, но во текот на наредниот период ќе бидат достапни за сите. Она што е посебно интересно во новиот дизајн на профилите е дека многу потсетува на неговиот најголем конкурент Фејсбук, и во иднина на Твитер на својот профил корисниците ќе имаат насловна фотографија на врвот, додека од левата страна ќе се наоѓа профилната фотографија.
На BBC предупредуваат дека бројни корисници на оваа мрежа го критикувале новиот дизајн и сметаат дека компанијата претерала со измените со кои се губи едноставноста која ја карактеризираше оваа мрежа.
Ќе биде интересно да се види како корисниците ќе реагираат на овие промени кога ќе бидат достапни за сите – слични реакции имаше и за фејсбук кој често го менуваше својот дизајн. Слично се очекува да биде и со Твитер, по негативните реакции полека сите да се навикнуваат на новиот изглед и да продолжат со нормално користење.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град