Тој бара отштета поради: загрозување на општествени права, лични повреди, дискриминација на национална основа, вознемирување, измама, обид за убиство, намерно нанесување на емотивна болка и проневера…, пишува New York Post.
62-годишниот Anton Purisima поднел своерачно напишана тужба против градот New York, пекарница, две локални болници, кмарт продавница, сопственик на куче и на секоја втора личност на која можел да се сети, барајќи отштета од секстилион долари – тоа е повеќе од сите постоечки пари во светот. Purisima во судот се претставува самиот себе во надеж дека ќе успее да ја добие оваа неверојатна сума која се пишува со бројката 2 и 36 нули.
Тој бара отштета за скоро се што му се случило во животот, од добивање на инфекција на прстот по гризнување на куче па се до “кинески пар” кој го сликале додека лежел во болница.
Тој тврди дека сите пари на светот не би можеле да го задоволат и затоа неговата отштета е непроценлива.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град