Турската полиција превзеде акција во Адана, јужна Турција и во Истанбул, при што се приведени десетици лица под сомнение дека се борци на Курдската работничка партија (ПКК).
Според дел од турските медиуми во Адана се приведени најмалку 36 осомничени членови на ПКК, а во Истанбул 15.
Операцијата во Истанбул била насочена кон младинската структура на ПКК – Револуционерно патриотско младинско движење. Во исто време биле извршени претреси на 25 места, а меѓу приведените деветмина биле под 18 години.
Претходно во округот Ескишехир, западна Турција во операција против ПКК приведени се 12 лица.
Во вчерашниот напад во Анкара загинаа најмалку 37 лица, а над 120 се повредени. Најверојатно двајца напаѓачи, маж и жена го извршиле нападот. Идентитетот на осомничената жена-самоубиец бил утврден уште синоќа. Автомобилот, што синоќа беше употребен во бомбашкиот напад бил украден на 10 јануари во округот Шанлаурфа, јужна Турција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град