Терористички напад во Квебек, Канада

Канадскиот премиер го окарактеризира како терористички напад

 |  инфодеск  | 

Најмалку шестмина се убиени, а осуммина се ранети во џамија во канадскиот град Квебек, во вооружениот напад синоќа кој канадскиот премиер го окарактеризира како терористички напад.

Нападот се случил за време на вечерната молитва, а бил извршен од тројца напаѓачи во Исламскиот културен центар.

Според очевидците, цитирани од локалните телевизии, двајца маскирани мажи влегле во зграда околу 19.15 часот по локално време, и отвориле оган, по што избегале. Радио „Си-Би-Си“ јави дека напаѓачите извикувале „Алах акбар“. Полицијата веднаш дошла на местото на настанот и двајцата напаѓачи биле приведени во околината на џамијата.

„Го осудуваме овој терористички напад на муслиманите во религиски центар. Различностите се нашата сила и религиската толеранција е вредност што за канаѓаните е доста вредна“ изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top