Троен самоубиствен терористички напад на аеродромот во Истанбул

Нападот чија цел биле недолжни луѓе е подмолен и планиран терористички чин

 |  инфодеск  | 

Во терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, кој се случи во вторникот вечерта, загинаа 36 лице, а 147 се повредени, изјавил турскиот премиер Бинали Јилдирим. Нападот го извршиле тројца бомбаши самоубијци, кои експлозивот го активирале на влезот во аеродромот.

Најголем дел од жртвите се турски државјани, но меѓу нив има и странски државјани, соопштија турски официјални лица, без да прецизираат од кои држави се загинатите странски државјани.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди нападот на аеродромот „Ататур“, оценувајќи дека целта на нападот е да ја „поткопа стабилноста на Турција убивајќи невини луѓе“.

Ердоган порачал дека очекува светот да заземе „решителен став“ против терористичките групи и повикал на заедничка борба против тероризмот.

Турскиот претседател рекол дека Турција нема да се откаже од борбата против тероризмот и дека неговата земја има „сила, решителност и капацитети да оди до крајот“.

Турската полиција верува дека зад самоубиствените бомбашки напади стои Исламската држава.

Агенцијата Доган цитира неименувани полициски извори во Истанбул дека „Исламнската држава стои зад нападите“, додека неименуван безбедносен извор рекол дека сеуште е рано да се утврди дали постои врска помеѓу нападот и Исламската држава.

Американски официјални претставници оценија дека синоќешниот напад во аеродромот во Истанбул во кој загинаа 36 луѓе, а над 140 биле ранети, имал знаци на таканаречената Исламска држава. „Меѓународниот аеродром Ататурк, исто како и аеродромот во Брисел кој беше нападнат порано годинава е симбол на меѓународната поврзаност и на врските кои не обединуваат“, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ерснст додавајќи: „Остануваме цврсти во поддршката на Турција, нашиот сојузник во НАТО и партнер“. Нападот го осудија светските лидери. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун осудувајќи го нападот ја повика меѓународната заедница да соработува во борбата против тероризмот. Тој изрази најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите. Турција во последно време е погодена од серија смртоносни напади за кои ги обвинува и курдските бунтовници и милитантите на Исламската држава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top