Трикови со кои трговците поттикнуваат да се троши повеќе

Постојат низа начини со кои трговците влијаат на вашето однесување

 |  инфодеск  | 

Продавниците, а со тоа потрошувачот не е свесен, по правило уште на самиот влез влијаат со некои работи што потрошувачот  заборава по што воопшто дошол, а при тоа го тера да купи што повеќе производи. Еве некои примери кои суптилно влијаат на вашето однесување во продавниците:

-Влезот е на десната страна бидејќи луѓето повеќе сакаат да одат спротивно од стрелките на часовникот

-Таканаречената зона на кочење каде постои некаква препрека – веднаш на влезот треба купувачите да се смират за да не брзаат да го отстварат планираното купување.

-Долгите полици ги принудуваат купувачите да видат што повеќе производи.

-Робата на палети или под натписот “акција” побрзо ќе се распродаде поради стравот дека утре нема да ја има таа роба.

-Големи пакувања и знаци со силно изразени бои упатуваат на тоа дека одреден производ е со поволна цена, но тоа не мора секогаш да е така.

-Колку е поголема количката толку потрошувачите несвесно ставаат повеќе производи во неа. Затоа во некои продавници воопшто нема мали кошнички.

-Помек под ја успорува количката и така потрошувачот гледа повеќе производи.

-Она што најмногу се купува се наоѓа на крајот од продавницата.

-Комбинирано поставување на производите – на пример покрај шпагетите се поставува и соодветен прелив.

-Евтините артикли се наоѓаат на дното од полицата, а поскапите на средина.

-Ако евтините, средните и скапите производи се наоѓаат едни до други, потрошувачот ќе одбере средно скап производ.

-Големиот избор во првата третина на полицата го забавува купувачот.

-Артиклите за најмлади секогаш се на благајната 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top