Сите барем еднаш во животот изрекле некоја лага, а лажењето е начин на кој се сака да се избегне одредена санкција, било да се работи за работа или пак во врска со партнерот, фамилијата и пријателите. Но, со говорот на телото и однесувањето лесно може да открие кога некој лаже.
–Говор на телото – Говорот на телото е најчест показател за лага. Лицето кое не ја зборува вистината избегнува контакт со очите и често за време на разговорот го трга погледот настрана. Многу чест говор на тело се и прекрстените раце што симболизира одбранбен став, а истото важи и за нервозното триење на дланките и одење по просторијата.
–Недоследност на приказната – Колку и да е добро испланирана, лагата секогаш останува шуплива. Најчести грешки се деталите на прераскажувањето, како што е недоследноста во временскиот период во кој нешто одамна се случило. Со бројни потпрашања за местото и времето и слични детали многу лесно може да се открие дали лицето лаже.
–Нервоза – Нервозата е еден од првите знаци на лага. Лажењето е стресно, а ако лицето добро го познавате многу лесно ќе се препознаат првите знаци на нелагодност и нервоза како што се потење, проширени зеници, промена на тоналитетот на гласот или брзината на говорот.
–Офанзивно однесување – Лажговците често го користат нападот како одбрана, Започнувањето на кавга и барање виновник е најчеста реакција, посебно ако тргнете со потпрашања на кои лицето кое нешто крие не ги знае одговорите.
–Интуиција – Интуицијата често е занемарена, но ако почуствувате дека лицето со кое разговарате звучи или изгледа чудно, не ја занемарувајте својата способност туку обидете се да дознаете зошто ве мачи тоа чудно чувство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град