Јајцето е секогаш спас за брз доручек, производ од кој се прави скоро секој колач, инспирација за мали уметнички дела за Велигден и производ кој секогаш го имаме во ладилникот. Сепак покрај двоумењето колку јајца неделно смееме да изедеме, многумина ги мачи и тоа колку е свежо јајцето. Во ова помага еден мал трик за кој ви е потребно неколку секунди, а го спасува јајцето од фрлање. Јајцето е едно од ретките прехранбени производи чија старост и употребливост е најтешко да се препознае затоа што неговата содржина и свежина остануваат непроменети и по изминатиот рок на траење. За да го утврдиме тоа потребно ни е неколку секунди време, прозирен сад за вода и обична вода.
Постапката е следна: наполнете го садот до половина и ставете ги јајцата внатре.
Најсвежо јајце е она кое ќе потоне и остане на дното од садот неподвижно.
Една седмица старо јајце е она кое по потопувањето во садот ќе остане на дното но не со цела негова површина, едниот крај благо ќе е поткренат.
Три седмици старо јајце е она кое во садот ќе балансира на средината од својата тежина и лесно ќе е поткренато од дното на садот.
Старо јајце, кое е потполно опасно за конзумирање, ќе се разоткрие ако по потопувањето во садот веднаш излезе горе на површината од водата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град