Тригодишно девојче со IQ поголемо од 160

Сама научила шпански јазик

 |  инфодеск  | 

Тригодишно девојче е примено во Менса, ексклузивен клуб на генијалци, затоа што нејзиниот IQ изнесува повеќе од 160. Американката Алексис Мартин од Квин Крик е најмладиот член на Менса, а како што известува телевизиската станица во Феникс, со три години чита како учениците од 5-то одделение, сама научила шпански јазик, користејќи го ајпадот од своите родители, а резултатите од стандардниот тест на интелегенција ја сместуваат во горните 2% од општата популација.

Нејзиниот татко Јан Мартин за АБЦ15 рекол дека ја приметиле Алексис дека е поинаква кога имала само една година. Таа со потполна точност ја рецитирала цела приказна која сме и ја прочитале претходната вечер, објаснува таткото. И секогаш кога ќе научела нов збор го користела во прав контекст, додава Мартин.

Алексис е една од 3.300 американски членови на Менса помлади од 18 години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top