Судот во Quebec за три мултинационални компании пресуди да исплатат 15 милијарди канадски долари отштета и камати на повеќе илјадници жртви на пушењето во канадската покраина Quebec, што претставува една од најригорозните судски пресуди во историјата на Канада.
Трите осудени мултинационални компании – Imperial Tobacco, Rothmans Benson & Hedges и Japan Tobacco International – ја оспориле пресудата на Врховниот судија на Quebec, Brian Riordan и најавиле жалби.
На судот му беа поднесени две колективни тужби во далечната 1998 година а застапувале скоро 1,02 милиони жители на Quebec од кои некои пушеле уште од 1960 година. Судењето во колективно име започнало во март 2012 година.
Адвокатите на цивилните странки ги обвинуваа компаниите дека изнесувале “лажни информации” на своите производи и дека намерно одбирале натписи кои имале содржина која ја одржувала зависноста на пушачите.
Судијата Riordan ги прифатил четирите главни обвиненија против трите мултинационални компании меѓу кои онаа за кршење на “нанесување штета на другите” и “информирањето на купците за ризиците и опасностите на своите производи”.
“За период од 50-на години кои го покриваат тужбите, компаниите заработиле милијарди долари на штета на градите, грлата и општата состојба на своите клиенти”, истакнал судијата во пресудата на 276 страни.
Судијата им наредил на компаниите да почнат со исплата на отштетата и каматите без оглед на тоа дали ќе вложат жалби на пресудата. Трите компании ќе мораат да исплатат повеќе од една милијарда долари до крајот на јули.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град