Трамп продолжува со жестоки напади кон медиумите

Лажни медиуми (@nytimes @NBCNews @ABC @CBS @CNN) не се мои непријатели

 |  инфодеск  | 

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот ги заостри нападите на медиумите наекувајќи ги на Твитер големите телевизиски мрежи и весникот New York Times “непријатели на Америка”.

Набрзо по доаѓањето во Флорида, каде трет викенд по ред доаѓа во луксузната резиденција Mar-a-Lago, претседателот повторно се сврте против медиумите.

Лажни медиуми (@nytimes @NBCNews @ABC @CBS @CNN) не се мои непријатели, тие се непријатели на американскиот народ, напиша Трамп.

Поранешната објава на Твитер во која ги прозиваше New York Times, CNN, NBC и “многу други медиуми”, ја заврши со зборот “одвратно”. Меѓутоа набрзо ја избриша таа објава и потоа ја напиша конечната верзија во која додаде уште два непријатела на својата црна листа.

Многу американски претседатели ги критикувале медиумите, но жестината на нападите на Трамп се без преседан.

На својата прва самостална прес конференција во Белата куќа во четвртокот Трамп жестоко ја критикуваше нечесноста на медиумите и обраќајќи се директно до Американците рече дека “многу новинари не ја говорат вистината”.

“Медиумите станаа толку нечесни што ако не зборуваме за тоа правиме штета на американскиот народ”, утврдил Трамп и истакна дека “нивото на нечесност е вон контрола”.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top