Тојота ги започна првите јавни тестирања, на својот ултра компактен „i-Road” електрично градско возило на три тркала, за да дознаат како ќе се однесува нивното футуристичко возило во секојдневните услови по улиците на Токио.
Десет возила ќе крстарат во главниот град на Јапонија од 24 март до почетокот на јуни, а зад воланот ќе се најдат експерти и општата јавност за да се добие што попрецизна слика за производот.
Возилата се базираат на концептот кој е прикажан на минатогодишниот саем во Токио, пропратен со новитетите кои ја подобруваат прегледноста, управувањето и агилноста.
Обликот на „i-Road” трициклот е замислен идеално да се вклопи во градскиот метеж, а тежината од само 300 кг му овозможува добра подвижност и стабилност на возилото.
Како ќе помине овој најнов проект кој има план да направи револуција во градскиот превоз, останува да се види.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град