Јапонската автомобилска компанија објавила дека ќе повлече од употреба 1,9 милиони Приуси во цел свет поради проблемот поврзан со хибридниот состав кој може да доведе до застој на возилото.
Се работи за моделот Приус, произведен помеѓу 2009 и 2014 година, трета генерација на најпродаваниот хибриден автомобил во светот, кој работи на погон на бензин и електрична енергија.
„Во најлош случај, автомобилот може само да застане за време на возењето. Тоа го сметаме за можен сигурносен проблем, што го објаснува ова повлекување“, истакнал потпаролот на Тојота.
Производителот рекол дека е предупреден во 400 случаеви во Јапонија и САД, додавајќи дека ниту во еден случај немало несреќа или повреди. Истакнал и дека во најлош случај возилото може само да застане, „застанува малку по малку, а не наеднаш“.
Повлекувањето се однесува на околу 1 милион возила во Јапонија, 700.000 во САД и 130.000 возила во Европа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град