Американските власти четири години воделе истрага околу техничките грешки во возилата на Тојота кои би можеле да бидат поврзани со сообраќајните несреќи во 2010 година во САД.
Поради тие технички проблеми Тојота мораше да повлече 10 милиони возила. Возилата имале проблем со сопирачките, педалите за гас и подметнувачите кои беа причина за заглавување на педалата за гас.
Тојота беше обвинета дека ги минимизирала тие проблеми. Со постигнатиот договор јапонската компанија ќе избегне кривично гонење.
Американскиот државен обвинител Ерик Холдер рекол дека Тојота “намерно прикривала информации” за овие проблеми.
“Групацијата Тојота признала дека давала погрешна слика на американскиот пазар со прикривање на грешките и ја манипулирала јавноста”, се наведува во соопштението на американското министерство за правда и се додава дека се работи за најголема казна која е некогаш доделена на некој производител на автомобили.
Тојота исто така давала “неточни податоци” во американскот Конгрес пред кој директорот на Тојота дал свое извинување во 2010, вели министерот Ерик Холдер.
Реагирајќи на овој договор, Тојота соопштила дека овој договор, иако “боли”, ќе дозволи да се затвори тоа “несреќно поглавје”.
Компанијата наведува дека ќе изврши фундаментални промени во своите операции на светско ниво и ќе се потруди во иднина подобро да ги чуе потребите на своите потрошувачи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град