Јапонската компанија Тојота повлекува околу 625.000 возила ширум светот. Причината е отстранување на грешката во софтверот на хибридите која може да доведе до исклучување на моторот во движење.
Од Тојота се правдаат дека засега немало несреќен случај.
Моделите на кои се однесува повлекувањето ја вклучуваат Пирус V серија, конкретно моделитe Пирус Алфа и Пирус + (во зависност од пазарот), произведени во период помеѓу мај 2010 година и ноември 2014 година.
И порано Тојота имаше проблем со нисправни воздушни перничиња, а тогаш беа повлечени 5 милиони автомобили.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град