Тежок удар за Исламската држава

Мета на воздушните напади лидерите на Исламската држава

 |  инфодеск  | 

Мета на американските авиони наводно било собирањето на лидерите на Исламската држава, а во нападот наводно е тешко ранет и лидерот на екстремистичката организација Abu Bakr al-Baghdadi. Ова го тврдат локални сведоци и владини извори, а пренесува Daily Mail.

Двајца сведоци потврдиле дека бомбите паѓале на градот al-Qaim на сиријската граница. Извори на владата тврдат дека авионите го надлетувале состанокот на функционерите на Исламската држава, а во нападот загинале десетина лица. Abu Bakr al-Baghdadi со останатите ранети завршил во локалната болница, а функционерите на Исламската држава идавале наредби до локалното население да даваат крв за помош на ранетите.

Ако е ова вистинита вест, ранувањето на Abu Bakr al-Baghdadi ќе биде најсилниот удар во кампањата против Исламската држава.

Самопрогласениот калиф, кој се самопрогласи за лидер на сите муслимани, бил затвореник на САД за време на кампањата во Ирак. Ирачките функционери не можеле веднаш да го коментираат наводниот напад, а американската војска не го потврдила, но не го негирала. Од друга страна, Twitter профилите поврзани со Исламската држава брзо ја демантирале веста. “Можам да јавам на сите муслимани дека Abu Bakr al-Baghdadi е жив и здрав”, пишува во еден од статусите.

Инаку, Abu Bakr al-Baghdadi е релативно дискретен лидер на Исламската држава. Некогаш играл фудбал и има докторат од исламската историја. Откако провел четири години во американски затвор за време на окупацијата на Ирак, се одметнал како еден од најбруталните терористи во светот. Откако владата го оценила за опасен, за негово апсење во 2011 година понудила 10 милиони долари. Понудата е повторена откако се прикажани бруталните видеа со обезглавувањето на американските државјани James Foley и Steven Sotloff, како и на Британците David Haines и Alan Henning.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top