Тест кој покажува што навистина Facebook знае за Вас

Научници од Универзитетот Кембриџ направија посебна апликација која ја проценува вашата личност

 |  инфодеск  | 

Научници од Универзитетот Кембриџ развија сосем посебна веб апликација наречена Apply Magic Sauce која има само една намена и задача а тоа е да ја процени вашата личност исклучително врз основа на вашиот профил на Facebook. Не е потрбно ништо да правите, освен да се логирате на веб страницата со вашиот Facebook профил и да проверите дали е ова навистина тестот кој може да ве процени подобро од вашите пријатели, роднини, брачни партнери, колеги…Сето ова се прави врз основа на вашите “лајкови” кои ги оставате на Facebook.

Британските научници тврдат дека направиле алатка која е во состојба да понуди одговори какви сте вие всушност, да ви одговори колку сте интелегентни, да ја потврди вашата политичка ориентација, религиозните или сексуалните ставови и преференци.

Всушност, проверете сами дали овој тест е навистина толку точен како што тврдат во Кембриџ, а тврдат и дека во иднина ова би можело да се користи за предвидување на злостори кои имаат намера да ги направат некои корисници на Facebook.

Тестот се наоѓа на следниот линк и доволно е да се логирате со вашиот Facebook профил.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top