Регулаторните власти во Европската унија задолжени за прашањата за државна помош ќе го истражува извештајот на група ЕУ парламентарци во кој шведскиот производител на мебел IKEA се обвинува дека во шестгодишен период избегнал плаќање на најмалку милијарда евра данок, порачале од Комисијата.
“Европската комисија ги примила до знаење и нивните наоди детално ќе бидат истражени”, рекла портпаролката на Европската комисија за финансиски услуги и даночни прашања Vanessa Mock.
Во студијата која ја изработила партијата на Зелените во Европскиот парламент се наведува дека најголемиот трговец и производител на мебел IKEA бил во можност тоа да го прави така што ги префрлувал приходите од ројалитетот преку една холандска фирма, а можно е преку Луксембург и Лихтенштајн.
“Една од техниките е префрлување на ројалитетот од секоја продавница на IKEA во филијала во Холандија, која служи како своевиден канал. Ројалитети влегуваат и излегуваат од Холандија неоданочени и завршуваат во Лихтенштајн, или барем дел од тоа”, се наведува во извештајот на групата парламентарци.
Тие напоменуваат дека шведската компанија, исто така, уживала привилегии од даночните шеми во Луксембург и Белгија.
Од IKEA порачале дека во 2015 година платиле ефективна стапка на данок на корпоративна добивка околу 19%.
Европската комисија веќе има искуство со тоа што порано им наложи на холандските и луксембуршките власти да вратат износи во висина од по 30 милиони евра од ланците кафулиња Starbucks и автомобилскиот џин Fiat Chrysler Automobiles, потсетува Reuters. На овие одлуки следуваа одвоени жалби до Комисијата на основниот суд со седиште во Луксембург од Холандија на 23 декември и Fiat 29 декември, а сослушувањата веројатно ќе се одржат до крајот на годината, а одлуката на судот се очекува идната година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град