Пред неколку дена е објавена најновата листа на Форбс на најбогати луѓе во светот, а на прво место повторно е сопственикот на Микрософт милијардерот Бил Гејтс, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, со своите 76 милијарди долари на првата позиција го заменил Мексиканецот Карлос Слим кој поседува 72 милијарди долари.
Гејтс опстанал на врвот иако последните неколку години ги поминал делејќи пари на организации кои се борат против глад и сиромаштво ширум светот.
Мексиканецот Карлос Слим се занимава со телекомуникации, финансиска индустрија па се до трговија со недвижнини.
Третото место го завзеде Шпанецот Амансио Ортега кој се збогати исклучиво занимавајќи се со модната индустрија, и сопственик е на популарните брендови Zara, Pull&Bear и Bershka.
Интересно е тоа дека десетмината најбогати заедно поседуваат 507 милијарди долари.
Најбогати луѓе на светот се:
– Бил Гејтс (соосновач на Микрософт, 76 милијарди долари)
– Карлос Слим (телекомуникации, финансиска индустрија, недвижнини, 72 милијарди долари)
– Амансио Ортега (Zara, Pull&Bear и Bershka, 64 милијарди долари)
– Ворен Бафет (инвестициски гуру, 58,2 милијарди долари)
– Лари Елисон (основач и извршен директор на Oracle, 48 милијарди долари)
– Чарлс Кох (американски индустријалец, 40 милијарди долари)
– Дејвид Кох (американски индустријалец, 40 милијарди долари)
– Шелдон Аделсон (кралот на коцкарниците во Лас Вегас, 38 милијарди долари)
– Кристи Волтон (наследничка на Walmart, 36,7 милијарди долари)
– Џим Волтон ( наследник на Walmart, 34,7 милијарди долари)
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град