Еден Палестинец избодел со нож неколку луѓе во автобус во централниот дел од Тел Авив, а потоа побегнал од местото на нападот, но на него пукала полицијата и тој е уапсен, соопштила полицијата.
Полицискиот портпарол Мики Розенфелд рекол дека полицијата верува дека станува збор за терористички напад и дека напаѓачот побегнал од местото на нападот.
Розенфелд не знаел колку луѓе се избодени и во каква состојба се, но израелските медиуми јавија дека се ранети 12 луѓе, вклучувајќи тројца сериозно.
Розенфелд додал дека полицијата полесно го ранила напаѓачот а потоа истиот е уапсен.
Во последните неколку месеци повеќе од 10 лица се убиени во палестински напади, воглавно во Ерусалим, но имало и други напади во Тел Авив и на западниот брег, потсетува AP.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град