Најмалку 39 лица загинаа од кои 16 странци а седумдесетина се ранети во терористички напад кој се случи синоќа во Истанбул.
Нападот бил извршен во популарниот ноќен клуб „Рејна“ во квартот Ортакој, откако едно лице кое било облечено како Дедо Мраз влегло во клубот и отворило оган кон присутните кои таму ја прославувале новата година. Нападот почнал во 1:15 часот по полноќ по локално време, кога напаѓачот застрелал полицаец и цивил на влезот, по што влегол внатре и почнал да стрела кон луѓето,
Турските власти соопштија вчера дека распоредиле 17 илјади полицајци во Истанбул за обезбедување на празнувањето на Нова година, при што некои од нив биле облечени како Дедо Мраз, а некои како улични продавачи.
Во моментот на нападот во клубот имало 600 до 700 гости. Многу од луѓето во паниката скокале во водите на Босфор. Во спасувањето учествувале и бротчиња на морнарицата.
Анкара и Истанбул беа цел на неколку терористички напади во 2016 година за кои одговорноста ја преземаа или ИСИС или курдските бунтовници. Во тие напади загинаа повеќе од 180 луѓе.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град