Две експлозии одекнале на раскрсница во центарот на Анкара во Турција и настрадале голем број на луѓе, јавува Independent. Причините за експлозиите сеуште не се познати.
Спрема првите, непотврдени извештаи, се појавиле фотографии на крвави тела, а до експлозиите наводно дошло пред маршот за мир на кој требало да се протестира против конфликтот помеѓу Турција и курдските милитанти на југоистокот на земјата.
Спрема некои информации, за нападот е одговорен бомбаш самоубиец, а владата сеуште ги истражува тие наводи, но нападот веднаш го прогласиле за терористички чин, јавува Reuters.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град