Тепачка на претставниците од Босна и Херцеговина на Евросонг

Шефицата на делегацијата Лејла Бабовиќ го потврдила инцидентот

 |  инфодеск  | 

Се чини дека скандалите на Евросонг оваа година пристигнуваат порано. Имено, на снимањето на една емисија од прославата на роденденот на Фауд Бацковиќ Дин, и по некоја чаша повеќе, физички меѓусебе се пресметале членовите на босанско-херцеговската екипа за Евросонг, пренесува Радио Сараево.

Сведоците велат дека на снимањето биле присутни Фауд Бацковиќ Дин, Далал Мидхат-Талакиќ, Јасмин Фазалиќ и Ана Руцнер. Од сеуште непознати причини одеднаш полетале боксови и шишиња. На снимањето се нашол и авторот на песната како и продуцентот Алмир Ајановиќ кој го нападнал раперот Јасмин Фазлиќ и му го скршил носот.

Во тепачката настрадал и пејачот Шаќир Амети кој добил шише по глава.  Шефицата на делегацијата Лејла Бабовиќ го потврдила инцидентот.

“Пресметка се случи.Овој настан не го организираше BHT1 ниту делегацијата на Евросонг. Учесниците по 15 часа се враќаат во Сараево кога ќе имаме официјални информации”, рекла Бабовиќ за Радио Сараево.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top